Претседателот на Чешката Република, Петар Павел е повреден, но не потешко додека возел мотор, соопшти денеска кабинетот на шефот на државата на социјалната платформа „Х“, пренесе Ројтерс.



„Претседателот е повреден додека се возел со својот мотор“, се вели во соопштението. „Повредите не се сериозни, но ќе бараат кратко набљудување во болница“, додаваат од претседателскиот кабинет, кои напомнуваат дека ќе дадат повеќе информации кога ќе се дознае.

Чешката полиција на платформата „Х“ соопшти дека инцидентот се случил во затворен дел и не е сообраќајна несреќа.

Шеесет и двегодишниот Павел, поранешен врховен командант на чешката армија и висок функционер на НАТО, го презеде претседателството минатата година и оттогаш продолжи да се занимава со своето хоби со мотоциклизам, пишува Ројтерс.

Павел е познат по својата страст како мотоциклист, моментално вози BMW R1200 GS. Тој возел мотор на неговата посета на соседна Германија веднаш по преземањето на функцијата.