Грчките власти за борба против шверц со дрога, заплениле најмалку 320 килограми кокаин во контејнер во пристаништето Пиреја и уапсиле еден осомничен во врска со пратката.



Дрогата била пронајдена во средата скриена во контејнери со замрзнати ракчиња кои пристигнале од Јужна Америка, а дестинацијата била Албанија, пишува „Катимерини“.

Властите веруваат дека дрогата потоа ќе биде препратена во сентрална и северна Европа.

Полицијата уапси албански државјанин по кого имало отворена потерница за вмешаност во друга рација со дрога во 2017 година, кога бил обвинет за учество во банда што илегално произведувала „лекови“во скриена лабораторија во Неа Перамос, западна Атика.

За време на операцијата против дрогата во 2017 година, грчките власти, потпомогнати од американската Администрација за борба против дрогата (ДЕА), уапсија четворица осомничени, додека тројца успеале да побегнат.

Меѓу нив бил и албанскиот државјанин кој наводно бил приведен во средата.