Меџити: На изборите се скрши последниот мит дека не може да има Влада без Али Ахмети!

„Изет Меџити од коалицијата ‘Вреди’  во емисијата ‘Интервју’ изјави дека на овие избори се скрши последниот мит дека не може да има влада без Али Ахмети“. – објави ТВ Шења.



ТВ Шења пишува: „Ова ќе биде последниот мит. Кога Албанците ќе видат дека Ахмети повеќе нема да биде во Владата, по 20 години, ќе се скрши и последниот мит за него. – рече Меџити.“  

Зборувајќи за резултатот во Чаир, каде што победи коалицијатаВреди, Меџити рече дека оваа коалиција е апсолутен победник во албанските населби, ако се тргнат гласовите на етничките заедници.