Со текст на албански јазик и со навредливи симболи е осквернавен монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар, објави Телма.
Претходно, на „срцето“ беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста.
Дел од бетонскиот монумент средношколци со дозвола на локалната самоуправа во понедлникот го обоија со мотиви на македонското знаме и беа испишани букви од глаголицата и кирилицата.
Гостиварци реагират:
„Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварчани, зошто сите ние- македонци, албанци, турци, роми. Сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности“, напиша Ема Мешковска, советник во општинскиот совет и еден од иницијаторите да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Настанот не е пријавен во полиција, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат преземени соодветни мерки.






