Тројца адвокати го одбиле Палевски – ќе му одредат бранител по службена должност

Штом Турција го испорача во земјава, осомничениот за двојното убиство на Вања и Панче,  Љупчо Палевски Палчо од приторот во Шутка писмено побарал адвокати во судскиот процес да му бидат Тони Менкиновски, Славчо Секуловски и Јовица Страшевски.



Ниту еден од нив не прифатил да му биде бранител, па во судскиот процес, во согласност со законот, судот ќе му додели адвокат по службена должност, пишува Либертас.

Палевски останува во притвор. Одредени му се 30 дена. Палевски при спроведувањето изјави дека не е сторител на убиствата и за тоа има докази.