Директорка на „Токсикологија“ ги избрка новинарите, на вработените им забрани комуникација со нив

Фантомските 18-мина вработени, кои добија забрана да доаѓаат на работа на Клиниката за токсикологија од страан на Државниот санитарен и здравствен инспекторат затоиа што немаат регулиран работен однос,вчера ги подигнале решенијата за вработување, но потпишани само од организациската директорка Бесија Иљази, објави Телма. Претходно инспекторатот во два наврати изврши контроли во кои откри низа нерегуларности во работењето и издаде решенија со мерки кои не беа испочитувани од менаџментот на клиниката.



Клиниката за токсикологија го добила решението од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат каде стои дека се забранува 18те претходно вработени на дело да продолжат да доаѓаат на работа, но сепак лицата кои се донесени од Иљази вчера си ги зеле решенијата за работа.

Во меѓувреме минатата недела од страна на Министерството за здравство беше разрешен медицинскиот директор Данил Петровски кој во моментов користи годишен одмор. Според информациите на Телма, од минатата недела лицата повторно почнале да извршувааат работни задачи на Клиниката, иако за дел од нив јавно беше посочено дека немаат соодветно образование. Од 1 јуни ќе бидат на распоредот на работа.