„Не знам што правел Наќе, јас немам врска со него, а не сум ни бил кога го фатиле со парите“, ги убедувал колегите од Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети кој по синоќешниот притвор денеска се појавил на работа, дознава „Сакам да Кажам“.



Мемети, за кого Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека е под истрага, заено со судијта Наќе Георгиев е осомничен за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Георгиев и Мемети биле снимени како бараат поткуп

Му ветувале на синот на осудениот ексградоначалник на Ново Село, Боро Стојчев дека за 10.000 евра ќе му помогнат на татко му во друга истрага што исто така се води во ОЈО за организиран криминал и корупција.

Од Основното јавно обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) соопштија дека е отворена истрага против Георгиев и Мемети за кои постојат сомневања дека извршиле кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

За првоосомничениот – судијата Георгиев, Обвинителството бара притвор.

Како што дознава „360 степени“, за второосомничениот, Иџет Мемети, доказите прибрани досега не нудат доволно законска основа и за него да се бара најстрога мерка за обезбедување присуство,

Иџет Мемети од ДУИ, во два мандати беше народен правобранител, беше министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.