Гласаат болни изнемоштени и затвореници пред утрешното прегласување

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска гласаат болни и изнемоштени лица, како и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во 7 избирачки места.



Четири болни и немоќни лица се пријавени да гласаат во избирачкото место 2101 во Желино , 20 во избирачкото место 1194 во Крушево, 8 во 1202 во Крушево, 2 во 1272 во Охрид, 7 во избирачкото место 1470 во Долнени, 2 во 1470/1 исто во Долнени и 4 болни и немоќни во избирачкото место 1844 во Струга.

Вкупно 5 лица кои се на издржување казна затвор може да гласаат во затворите во Прилеп и во Скопје, а 2 лица ќе можат да гласаат во старските домови во Битола и Карпош.

Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга.

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач. Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1 – 634 и во избирачкото место 1844 во Струга 755 избирачи.