Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин на лидерите на коалицијата „Вреди“ во Македонија, Билал Касами, Арбен Таравари, Изет Меџит и Африм Гаши, на кои им го честитал изборниот резултат на 8 мај, велејќи дека тоа е првпат албанската опозиција да достигне над 100 илјади гласови, јавија медиуми.
На средбата се разговарало за прашања од значење за Албанците во Северна Македонија, но и за меѓудржавните односи, како и за други важни прашања.
Развојот на инфраструктурата што ги поврзува Косово и Северна Македонија беше една од главните теми на разговор, заедно со идеи и проекти за заживување на економската, културната и образовната соработка, наведува весникот Коха.мк.
Средбата, според кабинетот на Курти, минала во духот на срдечната соработка, имајќи предвид дека „Албанците на Балканот се фактор за поддршка на демократизацијата, европските интеграции, евроатлантскиот мир, безбедноста и стабилноста“.






