Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, реагира за двојниот аршин на познавачите и на новинарите од Европа спрема Македонија наспроти Грција во однос на почитувањето на Преспанскиот договор.
„Европските експерти и новинари ‘лаат’ и ги напаѓаат шефот на македонската држава/мандатарот за премиер, дека не ја почитувале ‘Преспа’, додека грчката страна ниту го ратификуваше, ниту го спроведуваше договорот, а нејзиниот премиер беше жестоко против договорот. Во меѓувреме, карванот си врви.
Ефектот на овие написи е дека Македонците се посвесни за фактот дека: а) другата страна не имплементирала толку строго како Македонија; б) сите што ја потпишаа Преспа не се на власт; ЕУ/САД му удоволуваат на Вучиќ и не се грижат за Косово или за Македонија, туку за сферата на влијание и продолжуваат понатаму.
Странските фактори кои толку лошо ги насочуваа настаните во Македонија, со многу мешање и управување со политичкиот инженеринг, за да се усвои ‘Преспа’, прво ѝ честитаа на претседателката на Македонија, ја додадоа задолжителната референца на проблемот со името, а потоа продолжија/почнаа да имаат средби со новиот претседател на Македонија“, коментира Ван ден Берг во три врзани објави на Твитер.






