Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на булеварот „Мајка Тереза“, пред влезот на Клиничкиот центар. Порталот Курир јавува за смачкани автомобили активирани воздушни перничиња. Оштетени се и паркирани возила. Медицински екипи, како и екипи на полицијата се на терен.
Според информациите на Курир од терен, во несреќата учествувале неколку возила. Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и паркирани возила. Првично и неофицијално, неколку лица се пожалиле на полесни повреди, но засега нема официјална потврда.

Од МВР ја потврдија дека е пријавена сообраќајна несреќа меѓу две возила кои верижно по судирот удриле во други две возила.
Повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот.
https://www.facebook.com/reel/966206728841443/?ref=embed_video





