Најуспешните жени менаџерки од земјава и регионот ќе добијат награди на манифестација што по 28. пат ја организара „Марили“.
Годинава, ќе бидат наградени и статуетка „Жена водилка“ ќе добијат 13 менаџерки, од кои 10 се од земјава, а три од Србија и Хрватска.
Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на мецосопранот Александра Коцевска и придружникот на пијано, Глигор Гелебешев
Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век , за бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив, наведуваат од „Марили“.
Годишните лауреатки се Катерина Бошевска – генерален директор на ЕОS Македонија и EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска – генерален менаџер на Камел 98 – Виница, Евгенија Ѓорѓиеска – извршен менаџер на Ламинати КОМ Доо – Прилеп, Цветанка Илиева – генерален менаџер на Бистро Груп ДОО – Гевгелија, Ирена Јакимова – генерален менаџер на Инспирит Коучинг- Скопје, Јелисавета Георгиева Јовевска – потпретседател на СКСМ, Клаудија Лутовска – генерален менаџер на Сеттим Консалтинг – Битола, Марија Патриклиска – менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип, Маја Наумовска Савеска – директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД – Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ – Скопје, Сања Путица – менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д.д – Хрватска, Дариа Шуриќ – генерален менаџер на DarMell – Хрватска и Зорана Пејчиќ – генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување – Србија.
„Марили“ денеска го организира и третиот регионален бизнис форум посветен на екологијата, здравата храна и циркуларната економија.
Тема на годинашниот „Марили Бизнис форум“ е „Екологија и здрава храна – фактори за одржлив развој“. Модераторите, како и панелистите кои доаѓаат од македонски и регионални компании, во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија.
Вовед во сесите ќе биде анализата за „Климатските промени и зеленото кредитирање од перспектива на Народната банка“. Првата панел сесија е насловена „Циркуларна економија – нови бизнис модели и практики, втората е посветена на „Здрава храна – тренд или предуслов за здрав живот и економски развој, а третата е насловена „Автоматизација и дигитализација во областа на човечките ресурси“.





