Фирма од Чаир, регистрирана пред само еден месец без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата „Борис Трајковски“.
Од Град Скопје потенцираат дека и покрај извршениот надзор, преземени мерки и казни, правното лице „Дизниленд реквизити“ наисилно продолжува да работи.
Од таму ги повикаа надлежните институции за најбрза можна реакција, бидејќи како што потенцираат се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.
Фирмата „Дизниленд Реквизити“ е регистрирана на 4 април 2024 или пред повеќе од еден месец, а како основач и сопственик стои името на извесен Никола Митевски, дознава Фактор






