Тешка навреда за северниот сосед на Грција дојде попладнево од седницата на парламентарната Комисија за национална одбрана и надворешни работи, на која министерот за одбрана Никос Дендијас ја нарече Македонија, ни помалку ни повеќе – „глувче што рика“!



Изразувајќи ја својата вознемиреност дека „лошото време“, ако некогаш дојде, немало да дојде од соседната земја на северната граница на Грција, туку од Турција, според бившиот шеф на грчката дипломатија, објави грчки Скај.

„Секогаш велам: ‘Не дозволувајте да дојде лошото време, но лошото време може да дојде. И, секако, лошото време нема да дојде од Северна Македонија, глувчето што рика последниве неколку дена. Ќе дојде од земја со десеткратно поголемо население, со четири пати поголем БДП, што значи дека, ако не сфатиме дека треба да бидеме на неверојатно добро ниво, нема да успееме, а сите имаме супер одговорност кон ова“, рекол Дендијас, подвлекувајќи ја потребата од континуирано засилување на вооружените сили бидејќи во Грција „го немаме луксузот на безбедност што го имаат западните земји“.

Всушност, тој ја повтори својата вознемиреност за опасноста што демне од турската страна.

„Ме опседнува голема вознемиреност. Не сум го криел тоа. На крајот на краиштата, повеќето од вас ме познаваат многу години и знаете дека го кажувам она што го чувствувам во оваа просторија“, додаде министерот.