Мета: Не сакам да се мешам во внатрешните прашања на РМ, но Албанците ќе бидат гаранција за нејзиниот евроатлантски пат

Говорејќи за политичките актуелности во * Македонија, Илир Мета, лидерот на Партијата на слободата од Албанија, во интервју за „Специјално на денот“ на ТВ Шења рече дека Албанците ќе бидат гаранција за евроатлантскиот пат на * Македонија, која веќе е членка на НАТО. Инаку, Илир Мета беше претседател на Албанија од 2017 до 2022 година, а нејзин премиер од 1999 до 2002 година.



ТВ Шења пишува: „Не сакам да навлегувам во ова внатрешно прашање на Македонија. Но, убеден сум во секој случај дека Албанците ќе бидат гаранција за евроатлантскиот пат на Македонија, која веќе е членка на НАТО. Верувам многу дека новото раководство ги има сите капацитети да го забрза европскиот пат.“ – изјави Мета.

Тој посочи и дека одржува блиски односи со сите лидери на политичките сили кај Албанците во * Македонија. „Сум имал, а одржувам и сега многу блиски односи со претседателите на политичките сили кај Албанците во * Македонија. Имав исклучително разбирање со починатиот Абдурахман Алити, поранешен претседател на Партијата за демократски просперитет, потоа со починатиот Арбен Џафери, претседател на Демократската партија на Албанците (ДПА), но многу добро разбирање и со Али Ахмети, претседателот на Демократската унија за интеграција. Во времето додека бев премиер, поради должност, но и поради својата желба,  направив се, за да градам мостови, особено со Ахмети, кој во тоа време имаше седиште на планината, и со Арбер Џафери, кој беше главен претставник на Албанците.“ – рече Илир Мета.