Поранешниот висок функционер во СДСМ, Јани Макрадули се жали дека бил дистанциран од партијата.



„Не по моја волја бев оддалечен од СДСМ, но тоа не значи дека јас не сум придонел на свој начин и не сум присуствувал на настаните. Затоа кажувам постои разлика помеѓу лојалноста и клиентелизмот…“, изјави Макрадули за ТВ21.

Макрадули оценува дка резултатите од двојните избори во земјава се  разочарувачки за неговата партија.

Тој изнесе мислење како партијата може да се консолидира.

„На СДСМ во моментов и требаат и децата на СДСМ но и ние со белите коси. Ни требаат сите.

Во СДСМ погрешно се третира лојалноста. Не може да се спореди клиентелизмот со лојалноста, тоа се различни категории. Тука преовладува клиентелизмот во моментов“, изјави Макрадули.