„…се додека Грција не ги потпише протоколите ние нема да ги почитуваме одредбите кои се однесуваат на употребата на името Северна Македонија“ вели професорката Мирјана Најчевска, според која политичарите од Грција флагрантно го кршат договорот од Преспа.
„Ова е флагрантно кршење на договорот од Преспа.
Еден акт се нарекува договор затоа што го склучиле две страни кои презеле одредени обврски.
Во договорот нема одредби со кои се условува постапувањето на било која од страните.
Или се почитува или не“, пшува Најчевска во објава на Фејсбук.






