ВМРО-ДПМНЕ во моментов успешно консолидира 61 пратеник – објави Мицкоски

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада истакна дека во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициони партнери како што е коалицијата Вреди.



– ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршува разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник – кажа Мицкоски.

Тој рече не може да зборуваво однос на деталите, но многу скоро од денеска вети дека јавноста ќе ги дознае деталите.

– Состојбата е чувствителна, но како коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот покрај 58 пратеници кои што ги има автентично самата коалиција, очекуваме и одлука на Управниот суд за да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6. Можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициски партнери како што е коалицијата „Вреди“ – истакна Мицкоски.