Нашиот став за Република Македонија е конзистентен, вели бугарскиот в.д. премиерот Димитар Главчев.



„Правилата важат за сите кандидати за членови на која било организација. Станува збор за ЕУ.

Кој сака да стане членка на ЕУ мора да ги почитува барањата на другите земји-членки. Ова е ставот“, потенцира Главчев, пренесуваат бугарски медиуми.

Тој потсети дека од 1 август 2017 година е склучен Договор за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.

„Ние сме доследни во поддршката за нејзината европска перспектива и не само за РСМ, туку и за сите земји од Западен Балкан.

Но, условот останува ист: ако некој сака да се приклучи, мора да ги почитува правилата“, категорично изјави премиерот Главчев.