„Бехтел и Енка ” побараа поддршка за обезбедување на работна сила од 4 000 работници од Стопанската комора. Се бара квалификуван кадар-инженери и општи работници.
На средбата се разговарало за динамиката за остварување на планираните активности.
Азески, пак, како што соопштија од Комората, побарал домашни компании да бидат максимално вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д и дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.
Комората ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години“, се наведува во соопштението.
Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.
Договорот со „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.






