Мажот си го убил братот и сопругата на починатиот, се огласи Обвинителството за убиството во Стајковци

Снаата пронајдена мртва, деверот почина на клиника – двојно убиство во Стајковци. Улицата број 17 и трагите од крв во куќата број 2 сведочат за грозоморниот чин на двојното убиство кое се случи денеска во скопското село Стајковци, откако 67 годишник направи масакр во родната куќа.



Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.

Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.

Очевидците сведочат дека убиецот имал психички проблеми. Соседите велат, дека иако живеат веднаш спроти нивната куќа, во минатото не сведочеле на поголеми кавги и расправии во семејството. Според дел од нив, убиецот бил мирен човек. Од МВР во официјалното соопштение стои дека сторителот имал здравствени проблеми.