Рингишпил ќе никне на тревникот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“

Нова забавна содржина ќе има во Скопје, но дали таа ќе биде безбедна – останува да видиме. Се поставува рингишпил во тревникот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“. Оваа вест ја објави јавниот сервис. МТВ најпрво стапи во контакт со Општина Карпош на чија територија е сместен рингишпилот. Од таму велат дека немаат никаква надлежност, оти местото било купено од приватен инвеститор. Градот Скопје го даде истиот одговор.



  • Просторот е површина во приватна сопственост. За истата одговорност имаат сопственикот на имотот и сопственикот на претпријатието кои ги поставуваат реквизитите“, велат од Град Скопје.

МТВ отиде на местото каде се поставува забавниот парк. Стапи во контакт со сопственикот на просторот. Тој вели дека рингишпилот со работа ќе почне на 17 мај и во Скопје ќе биде 30 дена, до 17 јуни.

Сопственикот на сакаше да даде изјава во камера, но до дозволи да го снимаме просторот. Скопје ќе добие нов забавен парк со адреналински атракции. Лично сопственикот ја гарантирал безбедноста на граѓаните. Сопственикот Никола Митевски не покани на отворање в петок, кога како што кажа и официјално ќе даде изјава за содржините.

Загриженост за безбедноста

Скопјани сакаат забавни содржини, но како што велат, по минатонеделниот настан во Куршумлија, Србија, кога се откачи вртелешка каде имаше повредени, стравуваат за безбедноста на посетителите. Од полицијата, пак, за МТВ велат дека биле информирани за рингишпилот, но тие биле задолжени само за регулирање на сообраќајот.