Звчера во Њујорк се одржал состанок на тесното раководство на Граѓанската албанско-американска лига предводена од лобистот и поранешен конгресмен Џо Диогарди.
По повод 10-годишнината од косовската независност, на средбата единствена точка била „нееднаквоста на Албанците со славомакедонците“ во земјава, пренесуваат косовските медиуми.
-Се разговарало за последните случувања што треба да го изразат мултиетничкиот карактер на земјата и еднаквоста меѓу Албанците и славомакедонците, пишуваат медиумите.
Интересно е што на средбата биле присутни високи официјални лица од Косово како Фатон Бислими- заменик министерот за надворешни работи, и други претставници од соседната земја.
Не се споменуваат имиња од Македонија, иако фокусот бил на „ нерешеното албанско прашање“ токму кај нас.




