Заклетвата на Силјановска во согласност со референдумот за „суверена и независна држава Македонија“

Меѓу мноштвото аргументи „за“ и „против“ неизговарањето на „Северна“ од претседателката Гордана Силјановска-Давкова при давањето заклетва на инаугурацијата се издвојува она на твитерџијата „The writer“, кој се повикува на прашањето од референдумот од 8 септември 1991 година.



Тогаш 1.079.308 или 96,46 проценти од гласачите при излезеност од 75,74 отсто заокружија „за“ на гласачкото ливче со прашањето „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверените држави на Југославија?“.

Значи, Силјановска-Давкова ѝ се заколна на Македонија, бидејќи не спомна ни „Република“ ни „Северна“, токму како и македонските граѓани кога масовно ја поддржаа нејзината независност од тогашна СФР Југославија.