Денеска се очекува да продолжат разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ВРЕДИ на ниво на работни групи за евентуално коалицирање во идната влада.



Изминатот викенд беа договорени општите начела за соработка.

„Соработката ќе се базира на три постулати:

евроинтеграции,

забрзан економски развој,

борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

„Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање“, информираше ВМРО-ДПМНЕ по средбата што се одржа завчера во штабот на ВРЕДИ, пишува ТВ21

На средбата присуствувале лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата Вреди Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Од коалицијата Вреди  по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.