Цветанова за заклетвата на Силјановска на Македонија: Горда на нашата претседателка, горда Македонка во овие историски времиња

Поранешната македонска министерка за култура Ганка Цветановска ја сподели на Твитер својата гордост што првата жена претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, не изговори „Северна“ при давањето заклетва на инаугурацијата.



„Горда на нашата претседателка, горда што сум Македонка во овие историски времиња“, твитна Цветанова, која министеруваше со македонската култура во владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2000 до 2002 година.

Најзината објава на социјалната мрежа е одговор на констатацијата на холандскиот новинар Раиниер Јарсма: „Новиот претседател на Северна Македонија е инаугуриран. Таа одби да го стори тоа под уставното име и, наместо тоа, вети дека ќе ги почитува уставот и законите на ‘Македонија’“.