Најдобриот македонски фудбалер во моментов Бојан Миовски ја продолжи својата извонредна серија во Шкотска, придонесувајќи со еден гол во убедливиот триумф на Абердин од 4:0 на гостувањето кај Хибернијан во 36. коло од раиргувањето за опстанок во шкотскиот Премиершип.
Миовски го зголеми водството на гостите на 3:0 во 52. минута и му помогна на својот тим на две кола до крајот да се искачи на лидерската позиција во плејаутот.
За 24-годишниот напаѓач од Штип ова е 26. гол сезонава во сите клупски натпреварувања, со кој се издвои на третото место на листата на стрелците во елитната конкуренција во Шкотска со вкупно 16 погодоци. Пред него се само Шкотланѓанецот Лоренс Шанкланд од Хартс со 22 и Англичанецот Џејмс Таверние од Ренџерс со 17.
За Абердин ова е шести натпревар во низа без пораз во Премиршип, а во последните две кола прво ќе го пречекаат фенерџијата Ливингстон и на крајот ќе му гостуваат на Рос Каунти.






