Прскањето против ларви од комарци доцни веќе месец дена. Додека граѓаните стравуваат, од градот Скопје нема абер за прскање, пренесува ТВ Телма.
Телевизијата упатила прашање до Град Скоппје кога градоначалничката ќе ја спроведе нејзината обврска за заштита на јавното здравје, но одговор не добиле. Инаку, Дел од тендерот за прскање против комарци беше поништен на крајот на април бидејќи немало ниту една прифатлива понуда за делот на прскање против комарци од земја и делот на средства за прскање. Оттогаш па се досега не е објавен нов тендер. Според неофицијални информации на телевизија Телма се очекува истиот да биде објавен следната недела. Задолжителна дезинсекција до септември потребно е да се направи барем петпати.
Граѓаните пак кои кои ги затекнавме таму велат дека излегле да се прошетаат, но стравуваат дека во иднина нема да можат да продолжат со нивните навики за спортување поради напливот на агресивни инсекти. Велат дека секое лето комарците се главна тема на сите минувачи на кејот и ги повикуваат надлежните да започнат со прскање против комарци.
Извор: https://telma.com.mk/2024/05/12/prskaneto-protiv-larvi-od-komarczi-doczni-veke-mesecz-dena/





