„Арбен Таравари од коалицијата ‘Вреди’ во дебатниот магазин ‘Клик Плус’ изјави дека Договорот со Бугарија е затворено прашање, исто како Договорите од Охрид и Преспа. Но тој се согласува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кога вели дека треба да се почека јуни, за да се види како ќе се реализираат уставните измени.“ – објави ТВ 21
ТВ 21 ја цитира изјавата на Таравари, дадена во овој контекст: „Договорот со Бугарија е непроменлив, не може да се преговара за него. Тоа е непобитен факт. Македонија бара гаранции. Се согласувам со Мицкоски дека треба да го почекаме јуни, за да ги видиме резултатите (во Бугарија), да ја видиме нејзината Влада и како ќе ги спроведеме со неа уставните измени.“





