„Напаѓачот“ на Ѓоковиќ е фудбалер кој вееше ЛГБТ-знаме на СП во Катар

Голем инцидент се случи по победата на Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Рим, кога на еден од навивачите од трибините му се лизна шише од ранецот и му падна директно на главата на српскиот ас.



Човекот на кој му падна шишето, како што самиот тврди, Марио Фери Фалко се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и се извини, посочувајќи дека бил под дејство на алкохол и дека тоа е несреќна околност, бидејќи само сакал да се фотографира со Ѓоковиќ, пренесе Гол.мк.

„Сакам да се извинам за тоа што се случи на турнирот во Рим, откако Ѓоковиќ го заврши својот меч. Моето шише со вода се лизна и падна врз главата на Ѓоковиќ. Многумина мислат дека тоа го направивме намерно, но шишето само се лизна.

За жал, вакви работи се случуваат. Се надевам дека не е повреден. И јас му се извинив. Сакав да им порачам на оние кои навредуваат дека тоа не го направив намерно, туку случајно“, напиша тој на својот Инстаграм профил.

Марио Фери Фалко е 37-годишен фудбалер, кој моментално е без ангажиран, а во текот на кариерата играше во бројни клубови ширум светот. Кариерата ја започна во италијанскиот Кастел ди Сангро, а неговиот пат подоцна го одведе во другите пониски лиги на „чизмата“, Венафра и Аудакс Херакона. Тој дури играше во Јордан за Ал-Фаисал, на Сејшелите за Златниот Брег, како и во Индија и Сан Марино, за Јунајтед и повеќекратниот шампион Тре Фиори.

Сепак, тој не се прослави по фудбалската кариера, туку во улога на инфлуенсер, па на социјалните мрежи често се исмева со финти за обложување. Тој се појави во јавноста во 2022 година на Светското првенство во Катар, кога за време на натпреварот помеѓу Португалија и Уругвај, истрча на теренот со знаме со виножито, облечен во маица на која пишува „Спаси ја Украина“.