Најбедно е што апологетите на катастрофално поразената власт, луѓе кои беа соучесници во клиентелистичкиот и кастински систем на лажна демократија и прогресивност, сега го ду*ат во мозок народот дека пред се гласал националистички, реагира на Фејсбук новинарот Ивор Мицкоски назаплашувачките „оценки“ по претседателските и парламентарни избори.
„Ова се новите плачипи*карски дискурси и оправданија од едни исти платеници.
И да е така имало зошто е така, ама таа анализа е препроста, преплитка и прекомотна.
Народот гласаше против неспособноста на “надежните”, против нивното лицемерие и ароганција, нивните лажни реформски и европски политики, нивното немање компас, систем и идеја, против нивното непочитување на нашите посебности, поради дрскиот криминал, корупција и непотизам“, вели Мицковски и додава:
„И сега истите тие неспособњаци ќе ја спасувале опозицијата, социјал-демократијата и либералното општество.
Треба да си заминат засекогаш, а со нив да си ги понесат и апологетите чиј збор не вреди пет пари.
Конечно, соучесници се во истата политичко-општествена катастрофа и дебакл.






