Македонија се најде во групата од 25 членки на Обединетите Нации, кои во рамките на Генералното собрание гласаа воздржано за предложената резолуција за унапредување на статусот на Палестина во светската организација, наспроти 143 држави што се изјаснија „за“ и 9 кои беа против.
Покрај Македонија, од балканските земји воздржани беа и Албанија, Бугарија, Хрватска и Романија, а „за“ гласаа Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Словенија, Турција и Грција.
Резолуцијата предвидува Палестина да го задржи статусот на држава-набљудувач, но ќе ги добие речиси сите права на полноправна земја-членка, освен правото да гласа во Генералното собрание и да биде кандидат за органите на ОН, како што се Советот за безбедност и Економскиот и социјален совет (ЕКОСОК).
Резолуцијата утврдува дека Палестина е квалификувана за членство во ОН и препорачува Советот за безбедност позитивно да го разгледа прашањето.






