Пред нас следува период на внатрешна реформа и СДСМ ќе се обедини, порача Николовски

Љупчо Николовски од СДСМ на социјалните мрежи пишува дека во наредниот период ќе следи реорганизација на партијата. Според него, по ова СДСМ ќе биде обединет и победнички. 



Искрено и од срце сакам да се заблагодарам до сите граѓани за дадената поддршка, до секој член и симпатизер на #СДСМ за вложеноста и посветеноста во изборите. Како претставник на граѓаните во Собранието останувам посветен во борбата за подобар живот на секој еден граѓанин, на земјоделците и развојот на македонскиот исток. Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет и победнички“, пишува тој. 

СДСМ на овие избори доживеа слаб изборен резултат. Освои само 18 пратеници. Имаше и повеќе оставки во партијата по изборите.