Опозициска СИРИЗА бара грчката влада да реагира во случај на прекршување на Договорот од Преспа, со користење на средства како замрзнување на европската перспектива на Македонија.
Од СИРИЗА велат дека Грција сега е соочена со „негативните последици од надворешната политика на Мицотакис, кој избра катастрофална неактивност во однос на спроведувањето на Договорот од Преспа“.
Од партијата на екс-премиерот Андонис Самарас, во чие време беше постигнат Договорот од Преспа, велат дека Владата на Мицотакис „пет години не направи ништо за да го заштити Договорот“, а како пример споменуваат дека сè уште ги нема ратификувано меморандумите, не направила ништо за „промената на учебниците“ „за промена на трговските ознаки на компаниите од соседната земја“, но и за промена на сообраќајните табли во Грција.
СИРИЗА ја повикува Владата „конечно да биде на ниво на задачата и да бара, како на билатерално така и на меѓународно ниво, верно спроведување на одредбите од Договорот од Преспа“, пренесе А1.Он






