Петифер: Многу добар резултат за демократијата и за враќање на позицијата на Македонија во регионот

Професорот по балканска историја на колеџот „Сент крос“ од Оксфорд, Џејмс Петифер, го оцени изборниот триумф на ВМРО-ДПМНЕ и на неговата претседателска кандидатка Гордана Силјановска-Давкова како добар знак за Македонија.



„Голема победа за опозицијата во Северна Македонија во изборната ноќ. Многу добар резултат за демократијата и за враќање на позицијата на Н Македонија во регионот. Но, Грција ќе биде непријатна“, вели Петифер на Твитер.