Сопственик на хотел од Тетово пријавил дека 10 странски државјани кои дошле на работа вo земјава – ја напуштиле државата.



Работнички „увезени“ од Непал исчезнаа од Прилеп

„На 08.05.2024 година во 13:30 часот во СВР-Тетово, Б.И.(29) , управител во хотелски објект во Тетово, пријавил дека 10 странски државјани од Непал вработени во објектот си заминале од хотелот“

Според соопштението, тие пристигнале на 22.04.2024 година и истиот ден го пријавиле престојот во нашата земја, во Секторот за внатрешни работи-Тетово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, велат од СВР Тетово.