Инугаративната седница за новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ќе се случи во недела, во 12 часот.



„Претседателот Митрески ќе ја закаже Инаугуративната седница откако ќе го добие Извештајот од ДИК, рокот е до петок до 19 часот.

Откако ќе го добие Извештајот ќе ја закаже Инаугуративната седница, која ќе се одржи на 12.05 (недела) во 12 часот“, стои во прес-службата на Собранието.

Рокот на ДИК да ги испрати конечните резултати до Собранието е утре (петок) до 19 часот.

Според ДИК, од обработени 99,09 отсто од избирачките места и 99.82 отсто обработени избирачи, за Сиљановска-Давкова гласале 560.173 граѓани. Противкандидатот Стево Пендаровски доби 251.541 глас.