Бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ги изборните резултати по вчерашните избори во Македонија, рече дека ќе продолжи да води отворен и искрен дијалог со новие власти.
„Секогаш сум ја поддржувал европската перспектива на Р*М, но доколку подлежи на принципите на добрососедство“, пренесе Њуз БГ.
„ Многу брзо ќе стане јасно дали таа земја сака да оди кон Европа. Мојот став во однос на Република Северна Македонија секогаш бил отворен и конзистентен, како што беше со претседателите Ѓорге Иванов и Стево Пендаровски, така ќе биде и со Гордана Силјановска“ изјави Радев за БТА
Бугарскиот претседател рече дека отсекогаш ја поддржувал европската интеграција на Македонија, „но со почитување на принципите на добрососедство и особено Копенхашките критериуми за членство“.
Според него, тоа значи „промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“.
„Откажување од јазикот на омразата што беснееше во оваа изборна кампања, ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство на Бугарите во земјата“ – ја пренесува „БТА“ изјавата на Радев.






