Според обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија, коалицијата на СДСМ од второ, сепак падна на трето место со 18 освоени пратенички места.
Или, за еден помалку од довчерашниот коалиционен партнер ДУИ која го предводеше „Европскиот дронт“ и која има 19 мандати.
Победник е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ која освои 58 пратенички места.
Колицијата Вреди освои 13, а Левица и ЗНАМ по 6 мандари.
По број на совоени гласови, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби 431.084 гласови или 43,22%, СДСМ – 153.195 или 15,36%, ДУИ 137.485 или 13,79%, Вреди 106.991 гласови или 10,73%, Левица 67.327 или 6,75%, движење ЗНАМ – За Наша Македонија 55.527 или 5,57%.






