Мицкоски ги повика граѓаните на плоштад Македонија да ја прослават заедно двојната победа

Ова беше тешка но успешна приказна – рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Тој ги повика сите граѓани на плоштад Македонија да ја прослават двојната победа на парламентарните и претседателските избори.

“Ги повикувам сите граѓани да прославиме заедно на плоштад Македонија и од утре на работа. Веќе претпладне ќе го одржам првиот состанок каде ќе ги утврдиме принципите за состав на влада и од нив нема да отстапиме” – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја заврши прес конференцијата со стиховите под песната “Заветна”.

“И како што вели една македонска песна, негде ќе те премолчат, негде ќе те сокријат, гроб со гроба ќе покријат, само ти си бесмртна жива вода подземна кај што тонеш ти извираш. Бог да ја благослови Македонија” – порача Мицкоски.