Албанската коалиција „Вреди“ слави победа пред плоштадот „Скендербег“ во Скопје со огномет, тапани и запалени факли

Со огномет и тапани албанската коалиција „Вреди“ слави победа пред плоштадот  „Скендербег“ во Скопје. Ова го јави „360 степени“



„360 степени“ пишува: Претходно, пред штабот беа поставени двојни заштитни барикади, кои беа урнати од присутните поддржувачи, кои ги прескокнуваа со цел да им се придружат на другите, што стоеја веднаш до седиштето на коалицијата. Со огномет, зурли и тапани симпатизерите на опозициските партии на Албанците,здружени во коалицијата „Вреди“,  вечерва по 20 часот почнаа да слават пред партискиот штаб, кој се наоѓа на плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија.

Присутните гласно извикуваа: „Изет, Изет“, како и „Победа, победа“. Група поддржувачи со тапани се движеа од булеварот „Крсте Петков Мисирков“ на Бит-пазар кон плоштадот „Слендербег“, каде што им се придружуваа на другите поддржувачи. Присутните го вееја албанското, но и американското знаме и постојано палеа факли. Над плоштадот „Скендербег“ имаше чад, предизвикан од огномет и од запалените факли.