ИНА: Се очекува ново мнозинство на ВМРО ДПМНЕ, „Вреди“ и „Знам“ многу блиску до 80 пратеници, за да се промени Уставот

„Остануваат уште два дена до одржувањето на двојните парламентарни и претседателски избори, меѓу најважните од осамостојувањето на државата * Македонија. Тоа е затоа што поларизациите меѓу четирите табора се големи и земјата конечно бара да го остави зад себе владеењето, придружено со проблеми, поради неказнивост на корупцијата, партизираностна судството со големи критики од меѓународната заедница, со ниска доверба кај граѓаните, како и со се уште отворени проблеми со Бугарија.“ – пишува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својот редакциски коментар со наслов „Земјата е на прагот на двојни избори, се очекува парламентарно мнозинство, кое ѝ се доближува до бројката од 80 пратеници“.



Покрај другото, ИНА пишува: Од читањето на резултатите од претседателските избори од првиот круг и ако тие бидат зачувани од петте политички блока во парламентарните избори, се очекува консолидирано мнозинство во Собранието меѓу ВМРО ДПМНЕ, „Вреди“ и „Знам“ на Максим Димитриевски. Тоа ново парламентарно мнозинство може да достигне 76 пратеници. Ако тоа мнозинство ја добие оваа бројка, тогаш ќе биде многу блиску да го достигне и бројот од 80 пратенички гласови, потребни за уставните измени.

Ова политичко позиционирање не се очекува да се промени во рок од 48 часа евентуално за каков било политички договор за можен бојкот од страна на СДСМ и ДУИ на претседателските избори, како што се зборуваше деновиве во партиските кулоари. Или, од друга страна, заради некакво политичко пазарење меѓу ВМРО и Европскиот фронт, со цел да се насочи гласањето во тивка форма кон претседателскиот кандидат Силјановска во замена за преземање на Европскиот фронт во новата Влада, со образложение на Европскиот фронт дека така можат да имаат повеќе пратеници.

Познато е дека гласините за евентуален бојкот наидоа на силно противење од амбасадите на најважните западни земји, бидејќи земјата треба час поскоро да го дефинира својот политички пат кон Европската унија.