Поскромна од лани, ама најскапа до сега. Ваква беше трпезата за Велигденските празници кај најголем дел од граѓаните. Повеќе салата, помалку месо на трпезата, поради скапотиката која како е да ставена на брза лента. Ако нема јагнешко, ќе се јаде друго месо, како пилешко или свинско, велат граѓаните кои секако прославуваат. А цените за килограм јагнешко надминаа 600 денари по месарниците. Месарите се правдаат дека високата цена била поради слабиот одѕив на сточари, но и се помалку животни, оти како што велат, нема кој да ги одгледува. Што се однесува до цената на свинското и пилешкото – тие се движат од 450 до 500 денари за килограм.

Граѓаните кои ја поставија Велигденската трпеза ќе прослават поскромно отколку лани, судејќи според цените.
- Килограм јагнешко месо чини 600 денари, цената на јајцата е од 7 до 10 денари, пиперките се искачија и до 200 денари од килограм, а краставиците се 120 денари за килограм. Доматите достигнуваат и до 180 денари за килограм. Килограм пилешко месо се движи меѓу 450 и 500 денари. Граѓаните веќе со месеци се борат со инфлацијата и поскапувањето на живеачката, особено на храната. Трошоците за живот во март годинава споредено со март минатата година се зголемени за 4 проценти. Најголем е растот на цените на овошјето и на зеленчукот.

Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека цената на јагнешкото и свинското месо не е зголемена за Велигден.
- Месо има, и свинско и јагнешко, цената е иста. Јагнешко месо е од 230 до 280 денари за килограм но таа цена не може да биде крајната бидејќи јагнешкото дава 55 проценти рандаван. Кога ќе се додадат кланичните услуги цената е од 600 до 700 денари, вели Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијацијата.
Инаку, веќе завршија велигденските пости. Христијаните кои изминатиов период 40 дена јадеа посна храна, веќе од сега можат до се почастат со мрсно. Колку ќе јадат – секако ќе каже цебот, кој за жал за добар дел од граѓаните е се поплиток, оти инфлацијата се повеќе им ги јаде парите на граѓаните.





