Бугарска фондација го пикира ФК Тетекс за да го направи „носител на бугарската култура во Македонија“!

Фондацијата „Македонија“ од Бугарија, чиј претседател Виктор Стојанов има забрана за влез во земјава на неодредено време, сака да го преземе македонскиот фудбалски второлигаш Тетекс и да го искористи за бугарската кауза во државава.



„Македонскиот тим Тетекс од Тетово загуби катастрофално со 0:7 од албанскиот тим Беса. Голема е веројатноста Тетекс за следната сезона да испадне во Третата македонска лига Запад. Тимот нема пари за плати. Сега е време да го земеме и да го направиме носител на бугарската култура во Македонија“, ги објави Фондацијата своите намери на Фејсбук.

Две кола до крајот на Втората лига „штофарите“ се трети одзади на табелата и ако останат на таа позиција ќе играат бараж за опстанок.

Тетекс е двократен освојувач на Купот на Македонија, а во сезоната 1981/82 настапуваше и во Првата сојузна фудбалска лига на некогашна СФР Југославија.