Силјановска Давкова на фестивалот Хид Бах Шен Фест, празник кој го слави турското население

Кандидатката за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова денеска заедно со амбасадорот на Турција во Македонија н.е. г. Фатих Улусој, присуствуваше на фестивалот Хид Бах Шен Фест којшто се одржува во селото Чалакли, валандовско, по повод празникот Хидрелез.

Хидрелез е празник кој го слави турското население, а го означува почетокот на пролетта. Во една подлабока смисла, празникот Хидрелез одразува силна симболика на будењето на природата, а со тоа и на новиот циклус на обновување, не само на природата, туку и на животот. Ги проследив богатите церемонии, убавите танци и особено предизвикувачкото пеливанско борење, сето одраз на една богата културна традиција која се негува тука, во Македонија. Во знак на ваквото единство, важно е да се спомене дека на заедничка иницијатива на Република Македонија и Република Турција, празникот Хидрелез во 2017 година беше прогласен за културно наследство на човештвото и истиот е запишан на листата на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО. Среќна сум што овој шаренолик мозаик, наречен Македонија е јадрото кое не обединува сите нас кон подобра иднина, напиша Силјановска Давкова на Фејсбук.