Почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња од битолската печатница

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово почна дистрибуцијата на изборниот гласачки материјал до општинските изборни комисии. Дистрибуирани се 3.600.000 ливчиња, за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори.



Од печатницата велат дека се потрошени 40 тони хартија, а печатењето траело 15 дена во присуство на стручни лица од ДИК и ОБСЕ.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски вели дека подготовките за изборите на 8 мај се успешно завршени.