Ахмети: Со „Вреди“ имаме договор да не бидеме дел на ниедна неевропска Влада, да не коалицираме со оние, кои се против промена на Уставот

Во изјавата, дадена за време на емисијата „Дебата плус“ во ТВ Клан Македонија, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, објави дека потпишал нон-пејпер заедно со Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши. Овој документ предвидува албанските политички партии да не коалицираат со оние партии, кои ги отфрлаат измените на Уставот и кои се против евроатлантската ориентација на државата.“ – објави ТВ Клан Македонија.



ТВ Клан Македонија пишува:  Ахмети нагласи дека неговиот потпис е потпишан во присуство на поранешниот министер за администрација Азир Алиу и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, а останатите го потпишале по неколку дена, со што се потврдуваат заложбите за следење на патот кон интеграција во евроатлантските структури.

„Имаме потпишано нонпејпер јас, Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши, дека нашите политички партии нема да прават коалиција со оние политички партии, кои не ја прифаќаат промената на уставот и кои се против нашето движење на евроатлантскиот пат. Јас го потпишав, кај мене дојдоа Азир Алиу, поранешниот министер за администрација од Алтернатива, со генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, а другите го потпишаа неколку дена подоцна. Ова е вистината.“ – кажа лидерот на ДУИ и на „Европоскиот фронт“ Али Ахмети.