Изет Меџити од коалицијата ВРЕДИ смета дека ДУИ се обидува да предизвика политичка криза во државата за да ги спаси корумпираните во своите редови, обидувајќи се да задржи техничка влада повеќе од 100 дена.
Тој вчера упати прашање до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дали им дал наредба на општинските организации да ги бојкотираат претседателските избори што ќе се одржат на 8 мај, пишува Телеграфи.
„Денеска јавно прашуваме дали е вистина дека наредивте општински организации да организираат бојкот на вториот круг од претседателските избори иако се сретнавте со Стево Пендаровски и му ветивте поддршка. Ако ова е вистина зошто не ги бојкотиравте претседателските избори во 2019 година. Што се промени од тогаш?
Дали се обидувате да спречите формирање на ново парламентарно мнозинство за да ги обезбедите уставните измени во рок од шест месеци по формирањето на новата влада“, праша Меџити.
Тој додаде дека сега кога ДУИ треба да ја преземе одговорноста за корупциските скандали, се обидува да ја злоупотреби волјата на албанскиот народ.
Меџити рече дека по 8 мај ќе има нова влада со ВРЕДИ, ќе има мнозинство Бадентер и ќе се заштитат основите на Охридскиот рамковен договор.






