Рангирана на 36-то место Македонија бележи скок од две места во однос на минатата година и има најдобра оценка споредено со земјите во регионот, покажува Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници. Во оваа класификација се опфатени 180 држави од целиот свет.
Минатогодишниот извештај пак покажа скок од 19 места и позиционирање на 38-то место, но и плати под просечните, небезбедни услови за работа и случаи на закани и насилство врз новинарите,
Македонија денеска го одбележува 3 Мај, Денот на слободата на медиумите. Во сите релевантни меѓународни мерења е забележан одреден напредок во медиумската сфера, сепак забелешките и загриженоста циркулираат околу високата корупција и неефикасниот правосуден систем, кои продираат во сите општествени сфери, па така го дестабилизираат и амбиентот на целокупното функционирање на медиумите.





