Професорката Мирјана Најчевска која е кандидат за пратеник на „Твоја партија“ на Фејсбук објави што ќе ѝ биде приоритетот доколку биде иизбрана за член во иднио парламентарен состав.
„Прво ќе се зафатам со отстранување на ѓубрето од улиците, парковите, шумите, полињата, со иницирање закони со кои ќе биде стимулирано градење инценератори кои од ѓубрето ќе произведуваат електрична енергија.
Второ, ќе се зафатам со ѓубрето во политиката. Со иницирање закони со кои ќе се укинат бенефициите за политичарите, ќе им се исплаќа превознина во висина на јавен превоз (како за сите останати граѓани), ќе се зголемат казните за најмало прекршување на законите. Ќе се намалат енормно зголемените плати и ќе се врзат за минималната плата. Ќе се испитува потеклото и зголемувањето на имотот на функционерот и неговото потесно семејство за време и по завршувањето на функцијата.
Трето, ќе се зафатам со иницирање закони со кои ќе се исчисти ѓубрето од државната администрација. Примената на правичната застапеност ќе биде само после исполнување на сите однапред дадени критериуми и како дополнување на мерит системот. Заштита на се што е професионално во администрацијата и чистење на сиот партиски плевел насобран со години.
Четврто, ќе се зафатам со чистење на ѓубрето од јавните претпријатија, судовите, јавното обвинителство и сите заштитни механизми.
Има многу работа, меѓутоа треба само да се почне и да се биде упорен и доследен.
Еднаш кога ќе почнат да се појавуваат чисти простори самите граѓани ќе посакаат се околу нив да биде се исчистено“, објави Нјчевска на Фејсбук..






